Почетна

Историјат

Шеесеттите години од минатиот век ги карактеризира експанзија на новоосновани високообразовни институции низ цела Македонија. Во југозападниот дел од Република македонија се отвараат Виши школи во повеќе градови. Со дисперзија на високото образовние, постојните виши школи прераснуваат во факултети и се создадени услови за основање на нов Универзитет во овој дел од Македонија. Во 1979 година формиран е Универзитетот ,,Св.Климент Охридски,, со седиште во Битола. Битола во овој период доживува вистински расцвет во поглед на високото образование и станува втор универзитетски центар во Републиката.
Ваквата состојба ја наметна потребата за организирано решавање на прашањето за сместување и исхрана на студентите. Претходно, во 1978 година започнаа работите околу адаптација на поранешната специјална болница во Битола за потребите на студентскиот стандард. Веќе во 1980 година адаптирани се три згради од комплексот, со сместувачки капацитет од 270 легла, современо опремена кујна со капацитет од 2.000 оброци дневно и трпезарија со 300 седишта. Со почетокот на учебната 1980/81 година студентскиот дом “Кочо Рацин” Битола, единствен од ваков тип во регионот, ги прими и првите студенти. Во наредните години адаптирана е уште една зграда, вршени се преуредувања на собите и сл., за да денес вкупниот капацитет на домот достигне до 380 легла.

Основна дејност

Студентскиот дом “Кочо Рацин” Битола oбезбедува сместување и исхрана, грижа за здравјето, како задоволување на културно-забавните, спортско-рекреативните и другите потреби на студентите кои студираат надвор од местото на живеење. Согласно класификацијата на дејности со шифра 55.90 – друг вид на сместување.

Орган на управување

Управен одбор, составен од седум членови, и тоа: тројца претставници од основачот, односно од Владата на РМ; двајца од редот на вработените во домот; еден претставник од здружението на студентите при Универзитетот ,,Св.Климент Охридски,, Битола и еден претставник од Универзитетот ,,Св.Климент Охридски,, Битола каде што студентскиот дом “Кочо Рацин” е придружна членка.

Служба за обезбедување

Студентскиот Дом “Кочо Рацин” работи 24 часа и во секое има обезбедено присуство на службени лица. Притоа, во периодот од 22.00 до 06.00 часот ангажирана е агенција за обезбедување, согласно законот за приватно обезбедување.