Раководна Структура (Органограм)

Директор

Соња Карапец – директор

Соња Карапец е директор на Државниот студентски дом ,,Кочо Рацин,, Битола од 2018 година до денес. Дипломира на Филозофски факултет, Отсек Педагогија при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и е магистер на Менаџмент на човечки ресурси. Има работно искуство од 28 години. Дваесет и три години, до 2018 година, работеше во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот ,,Кочо Рацин,, Битола, како педагог – стручен соработник. Во својата работа ги следи сите современи текови, ги прифаќа промените кои носат подобрување на стандардите. Нејзиното мото е: За секој проблем има решение, подобро или полошо, сепак е решение. Смета дека Студентските домови не се само место за сместување и исхрана, туку дека се места каде треба да се градат идните носители на државата. Студентите и се партнери во работата.

Членови на Управен одбор

1.Претставници од Влада на РСМ:

  • Александар Дракуловски
    ВСС – Дипломиран инженер по индустриско инженертсво и менаџмент,
  • Велјан Тасевски
    ССС – економски техничар,
  • Стевче Павловски
    IV степен образование – земjоделски техничар,

Претставници од студентите:

  • Јован Михајловски
    Студент во IV година – смер Сообраќај и транспорт при Технички факултет Битола

Претставници од вработените во Домот:

  • Кире Димовски
    ССС- кувар
  • Петар Ѓоргиевски
    VII степен м-р по Mеѓународна економија и бизнис
Organogram
Органограм