Зграда “А” – Приземје и кат. На приземјето се наоѓа кујната со трпезарија, магацин, простории за персоналот и други помошни простории. Кујната има капацитет од 2.000 оброци дневно, а во трпезаријата одеднаш може да бидат услужени 300 студенти.
На спратот има 32 соби со 81 женско легло
Зграда “Б” – Приземје и кат, вкупно 33 соби со 148 легла, од кои: 55 женски и 93 машки. Во сутеренот има ТВ клуб – просторија за културно-забавен живот на студентите.
Зграда “Ц” – Сутерен и приземје. На приземјето има 27 соби со 68 машки легла. Во сутеренот сместена е работилница за вработените -одржувачи на објектите и магацински простор.
Зграда “Д” -Приземје и кат, вкупно 23 соби со 83 легла, од кои: 52 женски и 31 машки.
На секој спрат во зградите има заеднички санитарни простории и купатила.
Во делот на Управната зграда има 15 легла за студенти со посебни потреби.