Сместување

Студентскиот дом “Кочо рацин”, битола дејноста ја извршува во комплекс од повеќе згради. Поголемиот број на згради потекнуваат од 19 век. Сместувачкиот дел се состои од четири згради (павилјони). Во комплексот има и други згради: управна зграда со читални за студентите, котлара со перална, амбуланта, зграда за културно-забавен живот на студентите (т.н.,,мала сала,,), портирница и три гаражи и три други помошни објекти. Вкупната подна површина на зградите изнесува 5.829 м2.

Запишувањето и приемот на студентите во Домот го врши Министерството за образование и наука, по пат на Конкурс кој се објавува во средствата за јавно информирање, најдоцна до 15 Јули.

Студентите за прием во домот поднесуваат електронска пријава , која е достапна на интернет страницата на Министерството за образование и наука, www.mon.gov.mk

Во домот се сместуваат студенти кои се наоѓаат на списокот на примени студенти по конкурсот, што го доставува Министерството за образование и наука. За сместување во домот студентот доставува: две слики, индекс и лична карта, а за странски студенти пасош.

Секој сместен студент добива домска легитимација, како документ за идентификација, во која се содржани лични податоци за студентот, кога е сместен, во која зграда и во која соба. За време на престојот во домот студентите се придржуваат кон одредбите од куќниот ред

Бр. на згради за сместување: 4

Бр. на соби: 115

Бр. на легла: 380