Раководна Структура (Органограм)

Директор

Љубе Маркоски – директор

Љубе Маркоски е новоназначен директор на Државниот студентски дом ,,Кочо Рацин,, Битола од 2025 година. Магистер е по стратегиски менаџмент во делот за мали и средни бизниси VII степен и стекнати 300 ЕКТС.

Љубе Маркоски е докажан професионалец со над дванаесетгодишно искуство во приватниот сектор, градејќи ја својата кариера примарно во рамките на реномирани интернационални компании. Неговиот професионален развој е тесно поврзан со меѓународните пазари, каде што низ годините стекнува значајно искуство работејќи за компании со седиште во Велика Британија и Естонија, како и преку неколкугодишен работен престој во Соединетите Американски Држави.

Во текот на својот ангажман во странство и во претставништвата на овие компании во Македонија, тој се фокусира на секторот на финансиите, каде што успешно ги применува своите вештини во областа на административните и техничките задачи. Маркоски поседува широко портфолио на компетенции кои вклучуваат супервизија, прецизно следење на стандардите и квалитетот, како и управување со односите со клиенти, сето тоа во динамични и висококонкурентни средини кои бараат врвна организација.

Покрај корпоративните достигнувања, неговиот карактер е обликуван од врвниот спорт. Како поранешен петгодишен репрезентативец на Македонија во нордиско скијање и бијатлон, тој во својата работа ги вградува дисциплината, упорноста и посветеноста стекнати на патеките. Истовремено, Маркоски е активна фигура во културниот и општествениот живот како автор на неколку книги, колумнист и уредник. Преку својот новинарски и граѓански ангажман, тој континуирано ги анализира општествените процеси, цврсто верувајќи дека образованието, културата и спортот се основните столбови за напредок на секоја заедница.

Членови на Управен одбор

1.Претставници од Влада на РСМ:

  • Александар Дракуловски
    ВСС – Дипломиран инженер по индустриско инженертсво и менаџмент,
  • Велјан Тасевски
    ССС – економски техничар,
  • Стевче Павловски
    IV степен образование – земjоделски техничар,

Претставници од студентите:

  • Јован Михајловски
    Студент во IV година – смер Сообраќај и транспорт при Технички факултет Битола

Претставници од вработените во Домот:

  • Кире Димовски
    ССС- кувар
  • Петар Ѓоргиевски
    VII степен м-р по Mеѓународна економија и бизнис
Organogram
Органограм