Локација на ДСД Кочо Рацин Битола

Голема предност на студентскиот дом Кочо Рацин е неговата локација. Сместен е во градско подрачје во југозападниот дел на Битола, во близина на Медицинскиот центар. Има брз и лесен пристап до сите факултети на Универзитетот ,,Св.Климент Охридски,, Битола. До најблиските факултети пеш се стигнува за 5 до 10 минути, а до најоддалечените и до центарот на градот за 15 до 20 минути. Со градски превоз се стигнува до сите делови од градот.