Студентски Услуги

Во комплексот на згради сместени се простории за други потреби на студентите, како: читални, пинг-понг сала, а за примарна здравствена заштита има студентска амбуланта за општа медицина. Студентите имаат право да изберат втор матичен лекар од овааа мбуланта.

Во секоја соба, за секој студент, инсталиран ебесплатен пристап до интернет, обезбеден од Домот.

Комплексот на Студентскиот дом се граничи со спортската сала ,,Павел Шатев,, која е со состав на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски,, Битола. Студентите од Домот имаат обезбедени термини за рекреирање во оваа спортска сала.